Фудбал

МНОГУ НОВИ ВО ПОБЕДА!

Завршува зимскиот преоден рок за фудбалерите. Во Фудбалскиот клуб Победа има промени. Заминаа: Иван Николоски (Саса), Јорданчо Наумоски (Пелистер), Беким Алимоски (Питу Гули) и Филип Димоски (Охрид), а дојдоа Александар Новески (Новаци), Марко Ристов (Кожуф), Глигор Шиков (Тиквеш), Тоше Беделовски (Пелистер), Марио Тасески (БВК Коњаре), Дестан Адили (Работнички) и Никола Сарески (Тетекс), но во последен момент со најава за уште тројца нови.

Од женскиот прволигаш Цевитана заминати се пет искусни, а дојдени пет млади фудбалерки, така што со значително подмладен тим ќе настапува напролет. Во овој момент, многу важно е што останува голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина.

Што се однесува до третолигашкиот лидер Големо Коњари, засилен е со Антонио Шемкоски, Петар Петроски (Победа) и Илија Ристески (Росоман). Од останатите третолигаши најмногу нови има Ултрас – осуммина (нема заминат), Питу Гули има петмина дојдени – еден заминат, Младост од Кривогаштани е со четворица дојдени (ниеден заминат), Бучин со четворица дојдени (еден заминат), а Слога од Лажани има еден новодојден.

Промени има и во клубовите од општинските лиги, а таму интересно е што Кадино се засили со Зоран Котески (Питу Гули), а Кадица со Христијан Петрески (Преспа), двајцата некогаш соиграчи во Победа. Во врска со Футсал-клубот Победа, нови се тројца познати фудбалери од големиот фудбал:  Далибор Рајевиќ, Роберт Димитријески и Нермин Каришиќ.

Пролетниот дел од Втората футсал-лига почна во саботата, Втората фудбалска лига стартува на 17 февруари, Првата женска лига на 2 март, Третата лига – Југ и Општинската А-лига на 10 март, Општинската Б-лига на 24 март.

 

 

Од категоријата

(фото, состави, стрелци) СО ГОЛОТ НА КУКЕСКИ ПОБЕДА СО БОД СЕ ВРАЌА ОД СТРУМИЦА!

Зоран Иге

(резултати, состави, стрелци) СИЛЕН УДАР ЗА БОД ОД СКОПЈЕ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ТРЕНЕРСКИ ТАЈМАУТ И ВО ФУДБАЛОТ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе