Кошарка Ракомет

КАДЕ ЌЕ ОДИ ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА?

Утре (сабота) безмалку во истовреме се два спортски настана во Прилеп. Според тоа, останува на секој спортски љубител да одбере што ќе гледа.

Во 19 часот, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е ракометниот дуел Деспина – Стружанка, од 14. рунда на Супер-женската лига. Тежок меч за прилепскиот тим, ако се земе предвид дека Деспина има 13 – Стружанка 19 бода, а есеноска беше 25:16 за стружанките. Сепак, домашниот терен може да е одлучувачка предност.

Табела: Ѓорче Петров 39, Чаир 34, Металург 33, Куманово 30, Вардар 28, Стружанка 19, Пелистер и Скопје 16, Спартак 15, Деспина 13, Овче Поле 11, Астибо 9, Шампион 3, Гевгелија 0.

Во 19,15 часот, во салата на ООУ „Добре Јованоски“ е кошаркарскиот дуел Мега баскет – Шкупи, од 15. рунда на Втората кошаркарска лига. И овде е тежок меч, биидејќи гостите се со 25 бода – домашните со 19, а на есенскиот дуел беше 20 разлика во полза на Шкупи. И во оваа сала се очекува поддршка од трибината.

Табела: МКК Куманово 28, Маџари 26, Шкупи 25, Ангели и МЗТ Уни 23, Борец 20, Мега баскет, Водно и Работнички 19,  Соколи 18, Тетекс 16, Куманово 2009 – 12.

 

Од категоријата

ПРИЛЕП НЕ ГО ДАВА ПРВОТО МЕСТО!

Зоран Иге

НАЗНАЧЕН НОВ ТРЕНЕР НА РК ПРИЛЕП

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА ОСВОЕНИ ШЕСТ БОДА ЗА ЕСЕНСКИ КРАЈ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе