Попладнево, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, Победа – Башкими 0:1. Разочарување за домашниот табор, каде сите очекуваа триумф, по претходно освоениот бод во Тетово. Денеска се одигра многу борбен меч на средината од теренот, со многу тешки дуели, а зрелите шанси беа реткост. Во таков тврд натпревар извесно дека само еден гол можеше да одлучи. Тоа се случи во 57. минута. Тогаш по висок центаршут одлево, пред домашниот гол топката со глава ја удри Ељмедин Ќаили за 0:1.
Младиот домашен состав успеа да притисне во останатиот дел од натпреварот, имаше и неколку шанси, но израмнувачки гол не се постигна. При еден пробив на Христијан Поп-Антоски одлево внатре во гостинскиот шеснаесетник, се доби впечаток дека е соборен, така што падна, сите очекуваа пенал, но судијата одмавна со рацете. Така трите бода се за Башкми, а за Победа има нови битки, со Охрид и Осогово, на гостински терен.
ПОБЕДА: Столевски – Г. Димоски, Новески, Ивчески, Поп-Антоски – Да. Спиркоски (81. Арифи), Богевски, Д. Дебрешлиоски – Сарески (64. И. Трајкоски), Табаковиќ (64. Д. Шаркоски), Ристов (81. Л. Петејчук). Тренер: Јане Николоски.
БАШКИМИ: Стојковски – Јовановски, Митревски, Р. Мурати (78. Имери), А. Мурати (78. Садики), – Јусуф, С. Алили – Емурли (60. Реџепи) – А. Алили (32. Ќаили), Мемети (60. Саити), Азири. Тренер: Блаже Јанакиевски.
РЕЗУЛТАТИ 17. РУНДА: Победа – Башкими 0:1, Кожуф – Вардар Н. 0:1, Детонит – Скопје 1:0, Саса – Арсими 2:3, Новаци – Пелистер 1:3, Беласица – Беса 1:1, Осогово – Тетекс 4:0. Караорман – Охрид 0:0.
ТАБЕЛА: Беса 44, Пелистер 39, Детонит 38, Арсими 29, Охрид, Вардар Н., Скопје и Башкими 24, Кожуф 23, Новаци 22, Беласица 21, Тетекс 19, Победа 16, Осогово и Караорман 15, Саса 8.
СЛЕДНА 18. РУНДА (2 март во 14 ч.): Охрид – Победа, Башкими – Осогово, Тетекс – Беласица, Беса – Новаци, Пелистер – Саса, Арсими – Детонит, Скопје – Кожуф, Вардар Н. – Караорман.
ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ НА ЛИНКОТ: