Џудо

(фото) ТОРБА МЕДАЛИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп се одржа Државното првенство на Македонија во џудо за помлади пионери и јуниори во машка и женска конкуренција. Учествуваа 160 џудисти од 15 клуба. Прилепските клубови беа мошне успешни. Издвојуваме што освоија три клуба.

Клубот Сеишин освои 16 медали (5 златни, 4 сребрени и 7 бронзени). Кај помладите пионери првите места се за Софија Ѓорѓиеска, Матеја Николоска, Дила Пупаловиќ и Ангел Стојковски, вторите за Леон Мојсоски, Елдина Пупаловиќ и Бисера Цветкоска, третите за Мила Здравеска и Владан Стрезоски. Кај јуниорите првак е Михаил Стојановски, втора Теа Настоска, а трети места имаат Елеонора Илиоска, Кристина Мантароска, Мартина Јанкоска, Никола Магдески и Михаил Димоски.

 

 

 

Клубот Санкаку освои 3 медали (сите бронзени). Третите места во своите конкуренции ги освоија: Јована Цветкоска, Ване Ацески и Марио Конески.

Клубот Прилеп има  2 медали ( 1 сребрен и 1 бронзен). На второто место се искачи Марко Марковски, на третото Марија Марковска.

Организатор беше Џудо-федерацијата на Македонија, а домаќин клубот Сеишин.

– Првенството донесе заедно извонреден приказ на вештината, одлучноста и спортската духовност. Спортистите од различни клубови ја покажаа својата умешност на татамите правејќи го овој ден за нас љубителите на џудото извонреден! Учесниците демонстрираа одлични техники и борби, вклучувајќи го духот на џудото. Атмосферата беше прекрасна со гледачите кои ги следеа драматичните соочувања, што ја прикажаа есенцијата на џудо спортот – се впечатоци од Џудо-федерацијата на Македонија.

 

Од категоријата

СЕДУМ ДРЖАВИ ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

НОВА КЛУПСКА ПРОСТОРИЈА!

Зоран Иге

БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОНАТ Е ВО МАКЕДОНИЈА, НО ВО КОЈ ГРАД?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе