Зимската пауза завршува и претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од Супер–лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Според распоредот, се игра 12. коло, во кое е пелагониското дерби Победа – Пелистер. В недела на теренот со вештачка трева во Прилеп прво во 13 часот е дуелот на кадетите, а во 15 часот се среќаваат младинците. Претходно, в сабота, во Битола, во 10 часот играат помладите пионери, а во 12 часот се постарите пионери.
ДВОЈКИ 12. КОЛО: Победа – Пелистер, Скопје – Македонија ЃП, Тетекс – Работнички, Беласица – Брера, Брегалница – Шкендија, Шкупи – Вардар.
Еве ги табелите:
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ
ПОСТАРИ ПИОНЕРИ
КАДЕТИ
МЛАДИНЦИ