Почна пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Во Прилеп Цевитана – Љуботен 0:6. Сосема очекуван исход, со оглед на тоа што домашниот тим е подмладен, а гостинскиот е актуелен шампион и лидер на табелата. Интересно е тоа што головите беа постигнати до 51. минута, а потоа ниту еднаш не се затресе домашната мрежа.
Во Цевитана настапи само една од странство (голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина), а за Љуботен одиграа пет фудбалерки (Бразилките Присцила Едите, Наталија Силва, Рафаела Мартинс, Викторија Алваренга и Харуми Гоја). Стрелци: Присцила Едите 2, Наталија Силва 2, Павлинка Николовска 1, Викторија Алваренга 1.
РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Цевитана – Љуботен 0:6, Ас унитед – Топ гол 4:0, Истатов – Речица 1:2, Шкендија – Саса 0:3, Скопје – Тиверија утре,
ТАБЕЛА: Љуботен 38, Саса 37, Ас унитед 35, Тиверија 32, Скопје 22, Истатов 15, Цевитана 13, Шкендија 10, Топ гол 6, Речица 5.
СЛЕДНО 16. КОЛО: Речица – Цевитана, Топ гол – Шкендија, Саса – Скопје, Тиверија – Истатов, Љуботен – Ас унитед.