Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп се одржа Државното првенство на Македонија за деца и кадети. Успех имаа прилепските клубови. Според информациите само од два клуба, освоени се 18 медали.
Клубот Сеишин настапи со 21 натпреварувач и освои 13 медали:пет златни (Елдина Пупаловиќ, Бисера Цветкоска – кај децата, Михаил Стојановски, Борис Џагадуроски, Владан Стрезоски – кај кадетите) три сребрени (Сара Аџиоска, Нарин Ристемоска – кај децата, Тамара Илиоска – кај кадетите) и пет бронзени (Димитар Магдески – кај децата, Мартин Петкоски, Теодора Илиоска, Елеонора Илиоска, Теа Настоска – кај кадетите).
Клубот Санкаку настапи со 6 натпреварувачи и освои 5 медали: еден златен (Бисера Јовеска), Габриел Илиоски, три бронзени (Андреа Митреска, Ана-Марија Конеска, Христијан Бунески).
На ред е Државното првенство за сениори.