Екипата Деспина со 23:24 загуби од Куманово, во 17. коло од Супер-женската ракометна лига на Македонија. И покрај поразот, може да се каже дека изданието на прилепскиот тим е едно од најдобрите во последните 10 години. Така е затоа што во овој долг период Куманово секогаш победува, многупати со двоцифрен број разлика, а ретко се случува да биде само еден гол. Последен пат, еден разлика, дури и со истиот резултат (23:24) беше на 7 април 2018.
На последниов дуел, не само што Деспина даде силен отпор, туку и водеше со 5 гола разлика (17:12). Но гостинките во финишот се изборија за пресврт и со последниот гол стигнаа до победата од 24:23. Најдобри стрелци: Ангела Камческа 7, Сања Цветкоска 6 (Деспина) – Сузана Зечевиќ 9, Јана Шошевска 5 (Куманово).
ТАБЕЛА
Во следната рунда: Куманово – Астибо, Ѓорче Петров – Деспина.