Според денешната ждрепка во ФФМ, Победа е гостин на Пелистер, во полуфиналето од Купот на Македонија за помлади пионери. Натпреварот се игра на 16,17 или 18 април во Битола. Претходно, во четвртфиналето, Пелистер дома со 2:1 ја совлада Македонија ЃП, а Победа на пенали со 4:3 беше подобра од Работнички во Скопје.
Во второто полуфинале се среќаваат Брера и тетовска Шкендија, во Струмица.