Прв а вреден пролетен триумф за Победа. Со новите три бода прилепската екипа се искачи едно место погоре на табелата, над тетовски Тетекс. Тетекс дома одигра само 1:1 со Кожуф, а Победа со 2:1 ја совлада Саса.
Според очекувањата, голема борба денеска се водеше на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Домашните први наметнаа иницијатива, со закани кон голот на прилепчанецот Иван Николоски, голманот на Саса. Веќе во 11. минута гол за Победа, а стрелец Горан Димоски. Прилепскиот тим и во второто полувреме продолжи со добра игра – цврсто во одбраната со сигурниот голман Антонио Столевски, опасно во нападот. Мошне важна е 65. минута, кога по долга топка на Стефан Спиркоски, на вистинското место се најде Давид Дебрешлиоски за 2:0. Се чинеше дека се е готово, но само три минути. Во 68. минута намалување на 2:1 преку Александар Смилков. Гостите имаа настојувања за да израмнат, надежта за нив беше и во осумте минути судиско надополнување, но домашната мрежа не се затресе.
ПОБЕДА: Столевски, И. Трајкоски (74. Арифи), Г. Димоски, Д. Дебрешлиоски (74. Д. Шаркоски), Адили (85. Крајоски), Поп-Антоски, Ивчески, Кофиловски, С. Спиркоски (85. Л. Петејчук), Да. Спиркоски, Богевски (65. Ристов). Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
САСА: Николоски, Таневски (75. Николовски), Бекир, Дуков, Алексовски, Ајрули (88. Митревски), М. Димоски, Исмаил, Алиев, Смилков, Симевски. Тренер: Горан Гоцевски.
РЕЗУЛТАТИ: Победа – Саса 2:1, Охрид – Беласица 2:1, Осогово – Новаци 1:0, Башкими – Детонит 1:0, Тетекс – Кожуф 1:1, Беса – Караорман 3:0, Пелистер – Вардар Н. 3:1, Арсими – Скопје 1:1.
ТАБЕЛА: Беса 57, Пелистер 51, Детонит 45, Арсими 40,Охрид 36, Скопје 35, Башкими 31, Вардар Н. 28, Беласица 27. Кожуф 25, Новаци 24, Победа 22, Тетекс 21, Осогово 20, Караорман 15, Саса 14.
СЛЕДНО 23. КОЛО (6 април во 15 часот): Детонит – Победа, Арсими – Охрид, Скопје – Пелистер, Вардар – Беса, Караорман – Тетекс, Кожуф – Башкими, Саса – Осогово, Новаци – Беласица.