Одиграни се натпреварите од 14. рунда на лигите од ОФС Прилеп. Во рамките на Б-групата интересен меч беше на игралиштето „Могила“ во Прилеп, Корзо – Прилеп сити 2:2. Екипата на тренерот Коста Мирчески, Прилеп сити, го освои првиот бод. Можеби среќа донесе гостинот од збратимениот клуб Хајдук Лознани, Бенито Наумчевски.
РЕЗУЛТАТИ: Црвена ѕвезда – Боротино 6:0 (Филип Ачкоски 3, Дејан Цветкоски 2, Мартин Радески), Динамо – Кадино 1:0 (Давид Николоски), Корзо – Прилеп сити 2:2 (Миле Јосифоски, Мартин Петкоски – Благојче Здравески 2).
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 15. КОЛО: Прилеп сити – Динамо, Кадино – Црвена ѕвезда, Боротино – Мукос.
А-ГРУПА
Во оваа група беа мечевите од 10. коло. Лидерот Влазними јуниор ја постигна осмата победа.
РЕЗУЛТАТИ: Пролетер – Стрела 2:6 (Асан Еминоски, Денис Шерифоски – Зоран Секирски, Љупчо Секоски, Зоран Тасески 4), Влазними јуниор – Напредок 3:0 (Али Фејзулоски, Аџи Фејзулаи, Џеват Изероски), Обршани – Млекар 1:1 (Никифор Ујгуноски – Боби Ачкоски), Тризла – Братство 2:4 (Рубинчо Цветаноски, Мартин Ангелески – Александар Божиноски, Октај Јусуфоски, Мартин Петкоски, Драган Стеваноски).
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 11. КОЛО: Тризла – Пролетер, Братство – Обршани, Млекар – Влазними јуниор, Напредок – Стрела.