Синоќа беше ставен крај на кошаркарската сезона за прилепски Мега баскет. Во салата на ООУ „Добре Јованоски“, Мега баскет – МКК Куманово 64:97, на реваншот од четвртфиналето на плејофот во Втората кошаркарска лига на Македонија. Според овој исход, МКК Куманово оди во полуфиналето, бидејќи и на првиот меч – дома во неделата, победи со 81:47. Очекувано, со оглед на тоа што МКК Куманово има само победи во овој ранг. За Мега баскет, како нов второлигаш, успех е и самиот пласман во четвртфиналето од плејофот.
РЕВАНШИ
ВТОРНИК
Мега баскет – МКК Куманово 64:97 (вкупно 0:2)
Борец – Шкупи 65:123 (вкупно 0:2)
СРЕДА
16.00: МЗТ Скопје Уни банка – Ангели (0:1)
19.00: Соколи – Маџари (0:1)