Во рамките на 21. рунда од Супер-женската лига на Македонија, Деспина – Овче Поле 27:23. Прилепскиот тим победи благодарејќи на одличното издание во второто полувреме. Во првото гостите од Свети Николе водеа и до три гола разлика. На полувремето беше нерешено, 14:14. Најефикасни: Ангела Камческа со 8 гола, Мери Гичева Конеска со 6, Лилјана Димитрова со 5 (Деспина) – Јована Конева и Јована Ангеловска со по 6, Елена Вучевска со 5 (Овче Поле).
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 58, Металург 55, Вардар и Чаир 49, Куманово 45, Стружанка и Пелистер 31, Скопје 26, Деспина 22, Спартак 19, Овче Поле 15, Астибо 9, Шампион 7, Гевгелија 3.
Во следната рунда, на 5 мај, Деспина игра пак дома, со скопски Шампион.
МАЖИ
Финишира плејаутот на Супер-лигата за мажи, До крајот има уште четири кола, но екипата Прилеп ќе одигра три. Причината е исклучениот Аеродром, тим кој ги губи сите мечеви службено, со 0:10. Така, по поразот од Мултиесенс во Скопје со 34:33, Прилеп го добива без борба Аеродром, за меч кој беше планиран следниов викенд, а потоа се уште три меча. Редоследот е следниот: на 5 мај дома со Куманово, на 26 мај кај Вардар во Неготино и на 2 јуни дома со Еурофарм Пелистер 2. Целта е да се биде меѓу трите најдобри, за опстанок.
Табела: Куманово 26, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 24, Вардар Н. 18, Мултиесенс 17, Голден арт 13, Скопје 6, Аеродром -8.