Две победи врза Прилеп во плејаутот од Супер-лигата за мажи, Прво службено со 10:0 го доби скопски Аеродром, а вечерва, на дербито, со 27:24 беше подобар дома од Куманово. На полувреме беше 14:13. Следниот дуел за Прилеп е на 26 мај кај Вардар во Неготино, а последниот на 2 јуни дома со Еурофарм Пелистер 2. Од плејаутот отпаѓаат пет екипи, се спасуваат три.
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 30, Куманово 29, Вардар Н. 21, Мултиесенс 20, Голден арт 13, Скопје 6, Аеродром –10.
ЖЕНИ
Во Супер-женската лига на Македонија, Деспина – Шампион 33:20, полувреме 15:7. Деветта победа на прилепскиот тим. Најефикасни: Ангела Камческа со 8, Магдалена Ѓорѓиоска со 7 гола. На следниот меч Деспина е гостин на Астибо во Штип.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 67, Металург и Чаир 58, Вардар 52, Куманово 48, Стружанка 34, Пелистер 31, Деспина 28, Скопје 26, Спартак 25, Овче Поле 15, Астибо 12, Шампион 7, Гевгелија 3.
.