Фудбал

(фото, видео, стрелци) ПРИЛЕП: ИЗДРИБЛА ОСУММИНА И ДАДЕ ГОЛ!

На Градскиот стадион Гоце Делчев“ се одигра вториот полуфинален меч од плејофот за добивање првак на ОФС Прилеп, помеѓу првакот од Б-групата, Кадица (Забрчани) и вториот од А-групата, Стрела (Ерековци). Победник е Кадица со 3:1. Стрелци: Горан Базеркоски 18., Емран Имероски 31., Христијан Петрески 76. (Кадица), Зоран Секирски во 52. минута (Стрела). Стрела последните осум минути ги одигра без исклучениот Горан Бозајковски.

Беше одлично организиран меч од страна на ОФС Прилеп, со публика и навивање од трибината. Гледачите со аплаузи ги поздравија сите убави акции и голови. Од головите треба да се издвои последниот, трет за Кадица, дело на Христијан Петрески, поранешен капитен на Победа, подоцна член и на Гостивар, Новаци и Преспа. Тој во слалом издрибла осум противнички играчи, вклучувајќи го и голманот, па така на празен гол ја упати топката во мрежата.

Вчера, на првото полуфинале, Влазними јуниор (Пресил) – Црвена ѕвезда (Сенокос) 0:2. Според тоа, во финалето (в среда во 17 часот), на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе се сретнат Кадица и Црвена ѕвезда.

ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ

Од категоријата

УСПЕХ: АРИЗАНКОСКИ СО МАКЕДОНИЈА ОДИ НАТАМУ ЗА У19!

Зоран Иге

КОЈ Е СТАВОТ НА ТРЕНЕРИТЕ И ИГРАЧИТЕ?

Зоран Иге

ДЕСПИНА ПОДОБРА ВО КУПОТ, ТИВЕРИЈА ВО ПРВЕНСТВОТО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе