Шах

ВЕЛЕСКИ ПОДОБАР ОД 60 КОНКУРЕНТИ НА ПРВЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА!

Во Скопје, во Хотелот „Континентал“, заврши Отвореното шаховско првенство на Македонија, со учество на 67 шахисти. Меѓу нив беше прилепчанецот ФМ Роберт Велески. Иако на стартната листа рангиран на 13. место, преку добрата игра и успешните резултати напредуваше шест места и на крајот го освои 7. место со 6 поени. На одиграните девет партии постигна 5 победи (против Тоше Габеров, Слободан Цветковски, Никола Радоњанин, Зоран Танчев и Давид Николовски). 2 реми (со Никола Бујуклиев и ФМ Дејан Динев), а доживеа 2 пораза (од победникот  ИМ Тони Лазов и четвртиот ИМ Емил Ристески). Убав успех на ова значајно првенство од кое се добива новиот државен шампион на Македонија за 2024 година. Овојпат тоа е ИМ Тони Лазов.

ТАБЕЛА: ИМ Тони Лазов 7,5, АФМ Антон Златков и ИМ Никола Николовски 7, ИМ Емил Ристески 6,5, Филип Михов, ФМ Андреј Велјаноски, ФМ Роберт Велески, ФМ Дејан Динев, Зоран Танчев и Дејан Јанков по 6 итн.

 

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ ОДИГРА 22 ПАРТИИ ЗА ТРИ ДЕНА ВО БУГАРИЈА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ТРЕТ, АЛКАЛОИД ПРВ!

Зоран Иге

СЕ ПОЈАВИ ДЕТЕ ШТО ГИ ПОБЕДУВА СИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе