Пинг-понг

ЗАСИЛУВАЊЕ ОД АМЕРИКА ВО ПРИЛЕП!

Финалната серија од плејофот на Супер-лигата за добивање шампион на Македонија почнува в недела (17 ч.) во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп”. На мегдан се екипите Младост 96 и Крива Паланка. Прилепскиот тим ја брани титулата освоена минатата година и оди кон третиот трофеј, со оглед на тоа што беше шампион и во 2021 година.

Пресметката е меѓу големи мајстори на целулоидното топче. За Крива Паланка настапуваат: повеќекратниот македонски првак Кристијан Станојковски, младинецот Александар Јакимовски и Србинот Ѓорѓе Петровиќ. За Младост 96 најавени се: Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Лука Огненоски и Петар Костовски. Штипјанецот Петар Костовски доаѓа директно од САД, каде од Младост 96 замина пред 8 месеци и стана член на клубот Каролина голд раш, учесник во Мејџор-лигата на САД.

Што се однесува до финалната серија, Крива Паланка почнува со предност од 1:0, поради подобриот резултат во меѓусебните дуели во основниот дел на Супер-лигата. Според тоа, ако Крива Паланка го добие мечот в недела, таа е нов шампион, а ако Младост 96 победи, во тој случај се игра уште еден меч, в понеделник во Крива Паланка.

Претходно, во полуфиналето, Крива Паланка беше подобра од скопски Телеком нец 2, а Младост 96 од градскиот ривал Младост.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИТЕ СО 18 МЕДАЛИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕ САКААТ „МАЈСТОРКА“!

Зоран Иге

РЕКОРД: СЕДУМ ТИМА ТРЕНИРААТ ВО ЕДНА САЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе