И во лето, кога е апсолутниот одмор, прилепските навивачи секојдневно прашуваат што има ново во Победа. Така отсекогаш било, така е и сега. Прашањата се: кој останува, кој заминува, кој доаѓа, во пресрет на преодниот рок кој е од 15 јуни. Од клубот најавуваат дека со првите новости ќе излезат по една недела. Тогаш ќе се објави и конечниот датум за првата прозивка, првиот собир со кој се означува почетокот на подготовките за претстојната второлигашка сезона.
Целиот клуб е на одмор од 3 јуни.