70 години ракомет во Прилеп

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ НА КВАЛИФИКАЦИИ ВО ДАНИЛОВГРАД!

Сезоната 1980/81 во Втората машка ракометна лига на Југославија, група Југ, беше на работ од (не) регуларноста. Есенскиот се разликуваше од пролетниот дел по бројот одиграни натпревари. Во есенскиот дел прилепската екипа Тутунски комбинат постигна 7 победи, доживеа 4 порази, па со 14 бода (бидејќи по два пода се добиваа за победа) се најде на 2. место, под ИМ Раковица од Белград. Во пролетниот дел од првенството екипите од Косово бојкотираа и многу натпревари не беа одиграни. Тимот Тутунски комбинат 14 пати победи, 7 пати загуби и со 28 бода беше на третото место, под Кристал (Заечар) и ИМ Раковица (Белград). Со оглед на тоа што многу натпревари не се одиграа, а имајќи предвид дека во лигата три тима се издвоија со квалитетот, одлуката беше токму тие три најдобри да одиграат дополнителни квалификации преку кои ќе се добие победникот и новиот член на Првата југословенска лига.

Квалификациите беа од 26 до 28 јуни 1981 во Даниловград (Црна Гора). Екипата РК Тутунски комбинат прво загуби минимално, несреќно со 30:29 од ИМ Раковица. Бидејќи ИМ Раковица и следниот ден победи со 17:14 против Кристал, вториот меч за Тутунски комбинат беше безначаен, така што без голем отпор загубен со 28:20 од Кристал. Нов југословенски прволигаш стана ИМ Раковица.

ТУТУНСКИ КОМБИНАТ: Димитар Богданоски, Димитар Карески, Гоце Бозароски, Пеце Велјаноски, Трајче Камчев, Влатко Коруноски, Никола Бисинов, Бранко Арсоски, Целе Секулоски, Трајче Петрески, Илија Богданоски, Благоја Петрески, Борка Мургоски, Александар Ангелов, Ацо Ковилоски, Кире Стојаноски, Иван Хаџикочоски. Тренери: Ангеле Гулески и Тошко Арапчески. Претседател: Никола Тодороски.

Од категоријата

ВО ПРИЛЕП ДОЈДЕ НАЈДОБРАТА СВЕТСКА РАКОМЕТАРКА!

Зоран Иге

РАКОМЕТ НА ОГРОМЕН ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН!

Зоран Иге

(аудио) ПРИЛЕП: РАКОМЕТНА КНИГА РАЗГРАБАНА ПРЕД ПРОМОЦИЈАТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе