Фудбал

ПОБЕДА ПОЧНУВА В СРЕДА!

Долгата традиција се негува и сега – почетокот на подготовките на Победа да е во среда. Така, првиот летен собир, за старт на подготовките за новото првенство од Втората лига, прилепскиот тим го закажа за в среда (3 јули) во 17 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Тогаш, по едномесечниот одмор, на исто место ќе бидат раководните луѓе од Управниот одбор, Стручниот штаб – Јане Николоски со асистентите, се разбира и фудбалерите пред кои е задачата да постигнат повисок пласман од претходната сезона. Дознаваме дека клубот прави напори да ги подобри условите со поддршка на градот, но за деталите околу ова јавноста ќе биде запозната следнава седмица.

 Во врска со тренажниот процес, најавено е дека првата фаза ќе се одработи во Прилеп, втората најверојатно во некое туристичко место. Во план се 7 пријателски натпревари, од кои дефинирани се неколку – на 17 јули со Борец во Прилеп, на 20 јули со Вардар Неготино во Прилеп, на 3 август со Беласица и на крајот генералката со Брегалница Штип. За последниве два местото на одигрување зависи од распоредот за следното првенство, кој ќе биде познат со ждрепката во ФФМ на почетокот од август. Потенцијални ривали на пријателски мечеви се уште Арсими и Охрид.

 

Од категоријата

(ФОТО) ЕДЕН-ВРЕДЕН ГОЛ ЗА РАДОСТ НА 3000 ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА КОЈ ГУБИ – ОТПАЃА!

Зоран Иге

УСПЕХ: АРИЗАНКОСКИ СО МАКЕДОНИЈА ОДИ НАТАМУ ЗА У19!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе