Фудбал

ФУДБАЛЕР ОД СКОПЈЕ ДОЈДЕ ВО ПОБЕДА!

Има и четврти новодојден во второлигашот Победа. Се работи за десниот страничен Матеј Ѓурчиновски, 20-годишен скопјанец. Тој претходно има настапувано за Слога Виница, Саса Каменица, Пехчево. Во родниот град има поминато во клубовите Форца – Вардар и Работнички.

Претходно на Победа и пристапија: 19-годишниот Никола Талески, досегашен напаѓач на струмичка Беласица. 21-годишниот крилен напаѓач Амир Фејзуловски, битолчанец кој досега беше член на второлигашот Детонит од Радовиш и неговиот сограѓанин 20-годишниот Мартин Андоновски, досегашен играч за врска од гевгелиски Кожуф.

Првиот пријателски меч е Победа – Борец, в среда(17 јули) во 18 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Од категоријата

ПРИЛЕП: 17-ГОДИШНИОТ АРИФИ НА „РАДАРОТ“ НА БЕЛГИСКИ ПРВОЛИГАШИ!

Зоран Иге

(фото+видео-извештај) ПО ДЕЦЕНИИ БОРБА, ДЕНЕСКА ВЛЕГОА ВО ТРЕТА ЛИГА!

Зоран Иге

ЕКИПИ ОД 12 МЕСТА ЗА ПЕХАРОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе