Попладнево (18 часот) на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп требаше да се случи првиот од серијата пријателски мечеви на второлигашот Победа, со гостинот Борец од Велес. Меѓутоа, на барање на гостите, а поради високите температури, дуелот е одложен.
Така останува натамошниот распоред на пријателските натпревари на Победа: в сабота дома со Вардар Неготино, на 27 јули со Башкими во Куманово, на 31 јули со Охрид, на 3 август со Беласица, на 10 август со Брегалница Штип, така што треба пополнување само уште еден термин – на 23/24 јули.
Што се однесува до списокот фудбалери кај тренерот Јане Николоски, четворица се новодојдени: десниот страничен 20-годишниот Матеј Ѓурчиновски (Слога Виница), 19-годишниот напаѓач Никола Талески (Беласица). 21-годишниот крилен напаѓач Амир Фејзуловски (Детонит) и 20-годишниот играч за врска Мартин Андоновски (Кожуф).