Фудбал

ПРИЛЕП: 17-ГОДИШНИОТ АРИФИ НА „РАДАРОТ“ НА БЕЛГИСКИ ПРВОЛИГАШИ!

Добредојдени се убави, позитивни вести во врска со прилепскиот фудбал и со се она што произлегува од фудбалските школи, вклучително и од Победа. Показател дека таму добро се работи, деке се оди во вистински правец, е најновата вест која штотуку стигна до нашиот медиум, а во врска со новото име кое многу ветува, младиот, 17-годишен напаѓач на Победа Салим Арифи. Тој несомнено е во одлична форма, па неслучајно покрај во кадетскиот и младинскиот, има настапи и во сениорскиот тим на Победа. Дознаваме дека Арифи веќе е на „радарот“ на неколку белгиски прволигаши.

Од краткиот разговор со Салим, дознаваме кои фактори се одлучувачките. Тој смета дека индивидуалните подготовки кои ги одработи во текот на летото и тоа како го ставаат во одлична позиција за претстојната сезона. Без прекин во тренажниот процес низ летниот одмор, потоа и во рамките на клупските подготовки по 3 јули, преку голема мотивираност, Салим влегува во новата сезона, па серијата пријателските натпревари ги смета за идеални за уште подобро темпирање на формата.

Следниот пријателски меч на кој ќе настапи Арифи со клупските другари од Победа е в среда од 18 часот со Кожуф.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ПРЕД ТРИ ГОДИНИ НА ИСТА, В САБОТА НА СПРОТИВНА СТРАНА!

Зоран Иге

ГАРВАН „ЛЕТНА“ ВО ФИНАЛЕ

Зоран Иге

И ПЕТ ГОЛА НЕ СЕ ДОВОЛНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе