Фудбал

ВО ПРИЛЕП ГОСТУВА КОЖУФ ЗАСИЛЕН СО СЕДУММИНА!

Натпреварите помеѓу прилепска Победа и гевгелиски Кожуф секогаш се интересни, без оглед дали се првенствени или пријателски. Двата тима имаат дуел и денеска попладне (17.30 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Станува збор за пријателски, подготвителен меч во пресрет на новото првенство од Втората лига на Македонија. Во претходното првенство се водеа тешки битки меѓу прилепскиот и гевгелискиот тим – во Гевгелија 0:0, во Прилеп 1:0 за Кожуф.

Тренерите Јане Николоски и Филип Деспотовски имаат повеќе новодојдени во своите екипи. Во Победа нови се: десниот страничен Матеј Ѓурчиновски (Слога Виница), играч за врска Мартин Андоновски (Кожуф), напаѓачите Никола Талески (Беласица) и Амир Фејзуловски (Детонит). Во екипата Кожуф новодојдени се: голманот Христијан Георгиевски (повратник од Германија), десен страничен Никола Сарески (Победа), во одбрана Јорго Папули (Вардар),за врска Александар Ѓорѓиески (Детонит), Петар Гугуљанов (Беласица) и Филип Ѓорѓиевски (Скопје). напаѓачот Александар Богданоски (Шкупи),

За Победа денешниот е втор пријателски меч летово, а за Кожуф е петти.

Од категоријата

(фото+видео-извештај) ДЕСПИНА СО ДОЖД ГОЛОВИ ПРЕД ДОЖДОТ!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ+СТАТИСТИКА) СО ДЕВЕТМИНА НОВИ НЕВОЗМОЖНО И ДО БОД!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО+СОСТАВИ) ЏЕК ПОБЕДИ ПРЕД ПРЕПОЛНА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе