пливање

И ДЕТЕ ПРИЛЕПЧАНЧЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН!

Престижен пливачки настан отсекогаш бил Охридскиот пливачки маратон. Кој учествува таму и успее да ја исплива патеката докрај, значи вреди и местото му е во оваа тешка и исцрпувачка дисциплина. И прилепчаните кои го сакаат секој спорт, им се восхитувале на учесниците на маратонот, со желба некогаш да има некој прилепчанев учесник. Таа желба еве се остварува преку учеството на 15-годишниот Златан Гајтаноски, досегашен ученик во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, иден гимназијалец. Тој е пријавен за Малиот охридски пливачки маратон на празникот 2 Август. Делницата е од хотелот „Парк“ до пристаништето во Охрид.

На маратонот се очекува силна конкуренција од врсници од Скопје, Охрид, Струга и други места од цела Македонија. Со дел од нив Златан веќе бил во трка на ланското Државно училишно првенство во Скопје, каде што покажал забележителен резултат со својата препознатлива техника „краул“. Во врска со времето, желбата е делницата на Охридскиот маратон да ја исплива за педесетина минути.

Златан Гајтаноски, кој веќе девет години се занимава со пливање, подготовките ги имаше на Градскиот базен во Прилеп со тренинзи под водство на татко му, проф. Васко Гајтаноски и неговиот колега Илија Ангелески. Тие се одамна потврдени тренери по пливање, со резултати во младите категории. Имено, во тридецениското работење, под нивна подготовка повеќе прилепчанчиња го имале препливано маратонот на 14, дури и на 10-годишна возраст.

Од категоријата

(фото) ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЗЛАТАН ГО ПРЕПЛИВА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН ЗА 55 МИНУТИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе