пливање

(фото) ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЗЛАТАН ГО ПРЕПЛИВА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН ЗА 55 МИНУТИ!

Поволна вест од Охрид – Златан Гајтаноски, единствениот претставник на Прилеп на Охридскиот маратон или официјално на 45. издание на Илинденски куп во маратонско пливање, ја преплива делницата од 2,5 километри.

Во тешката дисциплина маратон прва важна задача за секој пливач е да исплива низ целта, а токму тоа го постигна 15-годишниот прилепчанец. Времето е 55 минути, што го рангира некаде во средината меѓу тие што им успеа да ја препливаат патеката во возрасната категорија до 15 години. Пливачите маратонци беа од повеќе македонски градови – Скопје, Охрид, Битола, Штип, Прилеп… Победник е Петар Цеков од Скопје. Севкупно од сите возрасти беа 77-мина од 12 клуба.

Златан Гајтаноски го имаше дебито, а огромна е желбата за учество и во иднина на овој престижен спортски настан во Охрид.

Од категоријата

И ДЕТЕ ПРИЛЕПЧАНЧЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе