Фудбал

ВО ПРИЛЕП ГОСТУВА БИВШИОТ ПРВОЛИГАШ!

Во Фудбалскиот клуб Победа одлучија да се одиграат уште два контролни меча во пресрет на првенството од Втората лига кое стартува на 17 август. Така, в среда (7 август) во 17, 30 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе се одигра пријателскиот меч Победа – Македонија ЃП. Ова е добар тест во кој се среќаваат екипи кои беа прволигаши, Победа пред една година, а Македонија ЃП пред два месеца. Според распоредот на новото првенство од Втората лига, Македонија ЃП против Победа ќе игра во Скопје, во 3. коло на 1 септември.

Екипата на Победа е во преговори за седми, последен пријателски меч, за в сабота, 10 август.

Од категоријата

ОД ПОБЕДА ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ЛИДЕРОТ Г. КОЊАРИ ПОБЕДИ, ПРИЛЕПСКИ УЛТРАС СОПРЕН ОД ДРЕНОВО!

Зоран Иге

ПОБЕДА ЕДЕН ДЕН ПОРАНО ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе