Фудбал

ГОЛ НА ГОЛМАНОТ НА ПОБЕДА СТОЛЕВСКИ, ПОНИШТЕН ГОЛ НА АРИФИ!

Денеска беше денот за одигрување последен претсезонски, пријателски натпревар. Во Гевгелија се сретнаа второлигашите Кожуф и прилепска Победа, меч кој го добија домашните со 4:1. Стрелци: Гроздановски, Филип Ѓорѓиевски, Кирил Стојков и Дучков од пенал (Кожуф), а Антонио Столевски од пенал (Победа). Значи, голманот-капитен е стрелец на голот за Победа.

 

 

Висок резултат, но доаѓаат информации дека имало спорни моменти на штета на екипата од Прилеп. Така, околу 70. минута, при 2:0, 17-годишниот талентиран фудбалер Салим Арифи само што влегол во игра на првиот контакт со топката постигнал гол од втрчување, по претходно одбиена топка од голманот, а по остар шут одлево од исто така младиот 19-годишен Мартин Миланоски. Но, наместо намалување на 2:1, голот е поништен. Што се случило има видео кое од проблеми на сајтот не можеме сега да го објавиме.

По седум дена, в сабота, почнува првенството во Втората лига, а во 1. коло Кожуф игра дома со Саса, Победа е гостин на Брегалница во Штип.

Од категоријата

ПО ДОЛГИ 12 МЕСЕЦИ, УТРЕ НОВ ГОЛМАН НА ГОЛОТ ОД ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ЧЕТВРТИ ТРИУМФ НА ПОБЕДА, „СТОТКА“ ЗА СТОМНАРОСКИ!

Зоран Иге

ТАЛЕНТИРАНИОТ НАПАЃАЧ НА ПОБЕДА, 17-ГОДИШНИОТ САЛИМ АРИФИ ПОТПИША договор со позната менаџерска агенција од странство која што работи со талентирани фудбалери на подрачјето на Холандија, Белгија и Франција.

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион