Кошарка

ПРИЛЕП: ПУБЛИКАТА ОДВАЈ ЧЕКА ДА ПОЧНЕ ПРВИОТ МЕЧ!

Спортски настан со многу публика е престојниот кошаркарски, поточно Баскет-турнир „КГЈ 3х3“, на отвореното игралиште пред ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“во Прилеп. Најавен е со траење од три дена, од 16 до 18 август, од петок до недела. За да има многу публика, поставени се монтажни трибини и столчиња околу кошот и околу игралиштето. На публиката и се достапни во секој момент разни видови пијалоци.

На теренот се најавени мечеви на триесетина екипи од Прилеп и други градови, во повеќе возрасни категории. Секој ден првите натпревари започнуваат во 17 часот. Турнирот е со долга традиција од 14 години.

Привлечни се наградите за публиката, како и за најдобрите екипи: 20 илјади денари за прво место, 10 илјади за второ, 6 илјади за трето.

Организатори се познати имиња од кошарката: Стефан Стевананџија, Стефан Костоски и Марио Маџоски.

Од категоријата

(аудио) СЕЌАВАЊЕ ЗА КОШАРКАРОТ СО СПОМЕНИК ОД ПРИЛЕПСКИ МЕРМЕР!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: СЕЗОНАТА ЗАВРШИ!

Зоран Иге

(видео)ГО СОБОРИ РЕАЛ МАДРИД И ИМА ЛИЧНА КАРТА ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе