И повеќе дена по завршувањето, силни се впечатоците од Третиот меѓународен фудбалски турнир „Прилеп куп 2024“ одржан на Стадионот „Могила“, организиран од Општина Прилеп и Фудбалската школа Тони.
– Од мое име и од името на Општина Прилеп голема благодарност до сите учесници на „Прилеп куп 2024“ за одличните натпревари кои ги приредија најмалите актери идни фудбалери и нивните тренери, до родителите за коректното навивање и одличната атмосфера. Голема благодарност и до ОФС Прилеп, за Судискиот одбор… Се гледаме наредна година здрави и живи. Спортски поздрав!!! – е пораката на Тони Наумоски, сопственик на ФШ Тони.
Четири дена публиката уживаше во натпреварите во шест возрасни категории.