Фудбалските љубители претстојниов викенд ќе немаат можност да гледаат меч од 5. коло на Втората лига, бидејќи Победа гостува кај Беласица (Струмица в недела во 15 часот), но сепак ќе има фудбал на седум терени низ Прилепско.
ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ
Претстои интересно 3. коло од Третата лига – Југ, в недела од 15 часот. Еве ги мечевите: Ултрас – Превалец (терен со вештачка трева во Прилеп), Влазними јуниор – Росоман (Мало Коњари), Големо Коњари – Слога (Големо Коњари). На другите мечеви се среќаваат: Башкими – Бучин, Дреново – Обршани и Питу Гули – Венец.
ОПШТИНСКИ ЛИГИ
Стартуваат општинските лиги на ОФС Прилеп. Претстои 1. коло од двете групи. Во А-лигата: Прилеп сити – Козара (Игралиште кај Могилата во Прилеп, в сабота во 16 часот), Кадица – Напредок (Забрчани в недела во 10 ч.), Стрела – Корзо (Ерековци, в недела во 10 ч.), Млекар слободен. Во Б-групата: Братство – Гарван (Големо Коњари, в недела во 10 ч.), Пролетер – Кадино (Игралиште Могила во Прилеп в недела во 10 ч.), Црвена ѕвезда – Боротино (Сенокос, в недела во 15 ч.), Динамо слободен.
СУПЕР ЛИГА ЗА МЛАДИ
Во Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери е 3. коло. В недела на теренот со вештачка трева во Прилеп се дуелите Победа – Пелистер. Во 10 часот е мечот меѓу помладите пионери, а во 12 часот се среќаваат постарите пионери. В сабота дуелите на кадетите и младинците се во Битола.