Навистина претставува изненадување резултатот од денешниот меч Победа – Охрид 0:1, во 6. рунда на Втората лига. Изненадување, со оглед на тоа што Охрид не е екипа која може да биде надмоќна во Прилеп, до пред две кола беше на дното од табелата. Од друга страна Победа беше во залет, по освоениот бод во Струмица со Беласица, па се очекуваа барем четири од шесте бода на двата меча со ред дома – со Арсими и Охрид. Но, доживеани се два пораза, прво со 1:2, па денеска со 0:1. Прилепскиот тим пред две кола имаше 4 бода и на толку остана, Охрид имаше само 1 но сега има 7.
Денеска и играта на Победа беше бледа, а и воопшто на мечот беа малубројни зрелите шанси, така што извесно беше дека еден гол ќе биде доволен за победа на едната или на другата страна. Стрелец: Сашо Дуков во 61. минута. По ова, домашните имаа шанси за израмнување, пред се преку Никола Талески и Давид Јошески во шеснаесетникот, но гостинската мрежа остана недопрена.
ПОБЕДА: Столевски, Ивчески, Андоновски (58. И. Трајкоски), Н. Талески, Д. Дебрешлиоски (58. Миланоски), Јошески (80. С. П. Спиркоски), Ристов (80. Арифи), Ѓурчиновски, Ангелковски, С. М. Спиркоски (36. Д. Шаркоски), Богевски. Тренер: Јане Николоски.
ОХРИД: Андов. Дуков (77. Парталко), Каба, Лога, Крстески (65. Коловски), Ф. Димоски (65. Дишлиевски), Ѓоргоски, Џајкоски (65. Карамачоски), Кадриоски, Бакрачески, Попоски (77. Ѓорѓиевски) Тренер: Ацо Велјаноски.
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО: Победа – Охрид 0:1, Вардар Н. – Башкими 0:1, Новаци – Беласица 0:0, Саса – Арсими 2:1, Вардарски – Македонија ЃП 0:2, Осогово – Борец 1:0, Скопје – Брегалница 0:0, Кожуф – Детонит 0:0.
ТАБЕЛА: Брегалница 14, Македонија ЃП и Башкими 13, Кожуф и Арсими 12, Детонит 11, Новаци 10, Саса 8, Скопје и Охрид 7, Беласица и Осогово 5, Победа и Вардар Н. 4, Борец 3, Вардарски 2.
СЛЕДНО 7. КОЛО (недела, 6 октомври во 14 часот): Башкими – Победа, Детонит – Вардар, Брегалница – Кожуф, Борец – Скопје, Македонија ЃП – Осогово, Арсими – Вардарски, Беласица – Саса, Охрид – Новаци.