Фудбал

ПРВОЛИГАШ В САБОТА ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Паузата во фудбалските првенства – прволигашкото и второлигашкото, е можност за пријателски мечеви. Оттука и договорот за пријателски меч меѓу второлигашот Победа и прволигашот Воска од Охрид. Закажан е за в сабота од 14 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Можност за двата тима поподготвено да ги пречекаат следните првенствени натпревари, Воска со Брера во Струмица на 20 октомври, Победа со Вардар во Неготино ден порано, на 19 октомври.

Ова е период кога Победа е пред одлука за местото шеф на Стручниот штаб по оставката на Јане Николоски, а засега таа улога ја има Стојанче Дунимаглоски, повеќе години негов асистент.

Од категоријата

ЧУДНА ЛИГА НА НАЦИИ: АНГЛИЈА ГУБИ КАКО ДА Е ЛИХТЕНШТАЈН!

Зоран Иге

ПОЗНАТИ 9, А НЕПОЗНАТИ 6 РИВАЛИ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ОСУМ „ДЕЦА“ НАСТАПИЈА ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе