Секогаш радува кога наш фудбалер игра добро во странско првенство. Така, Илија Несторовски (фудбалер на Победа од 2006 до 2010) вечерва имаше одлично издание во прволигашкото првенство на Хрватска. Во 30. минута постигна гол за Славен Белупо против Шибеник и придонесе за бод по конечниот резултат 2:2. Бодот е значаен затоа што тимот од Копривница тешко освојува бодови есенва и се наоѓа на дното со 6 бода, два помалку од Горица, три од Локомотива. Денешниот беше прв меч од 11. коло.
Во следната рунда Славен Белупо гостува кај Локомотива во Загреб.
ВИДЕО