Во Третата фудбалска лига – Југ очекувањата беа да учествуваат 14 тима, но од неделата се 12. Намалувањето е поради откажувањето пред стартот на Марена, како и на Обршани, кое го откажа учеството од 7. коло натаму поради недостиг на играчи. Од Кавадарци, седиштето на Третата лига – Југ, ја добивме оваа информација, со приложено официјално известување од ФК Обршани, кое гласи:
„Почитувани, ФК Обршани се откажува од натпреварувањето во Третата лига – Југ, поради недоволен број на играчи на секој натпревар. Спортски поздрав!“
Според прописите, бидејќи Обршани има одиграно 50 насто од натпреварите во есенскиот дел, почнувајќи од претходното 8. коло, резултатите се запишуваат 3:0 во полза на противниците до крајот на полусезоната, а напролет ќе се водат како неодиграни и при тоа ниеден тим нема да освојува бодови.
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО: Превалец – Обршани 3:0 (сл.), Росоман – Венец 2:1 (Марко Миловановиќ, Слободан Манев – Никола Вареловски), Младост – Слога 2:0 (Антонио Димоски, Дарко Чапкуноски), Бучин – Големо Коњари 0:4 (Борче Сркески, Мустафа Селманоски, Виктор Тошески, Илчо Митрески), Ултрас – Питу Гули 2;2 (Игор Паноски 2 – Беким Алимоски 2), Башкими – Дреново 2:0 (Зани Ахмедовски, Елфати Таировски), Влазними јуниор слободен
ТАБЕЛА: Големо Коњари 21, Башкими 15, Превалец 14, Младост, Венец и Росоман 13, Ултрас 11, Дреново и Питу Гули 9, Бучин 6, Слога 4, Влазними јуниор 3.
СЛЕДНО 9. КОЛО (3 ноември во 13 часот): Влазними јуниор – Превалец, Питу Гули – Башкими, Големо Коњари – Ултрас, Слога – Бучин, Венец – Младост, Обршани – Росоман 0:3 (сл.), Дреново слободно.