Екипата Башкими од Горно Јаболчиште, Велешко по осум меча без пораз денеска го доживеа и првиот неуспех. Во Крушево Питу Гули со 2:0 беше подобар, а двата гола се дело на Музафер Алиоски во 20. и 72. минута. За екипата Питу Гули е интересно што иако е далеку од водечките тимови на табелата, успеа да ги совлада двата најдобри досега – Башкими и Големо Коњари. Имено, Големо Коњари со 1:0 загуби во Крушево, во 1. коло. Сепак, попладнево Големо Коњари освои нови три бода и се задржа на врвот со поголема разлика во однос на вториот.
РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО: Влазними јуниор – Превалец 5:1 (Мевлан Усеиноски, Емрула Велиоски, Мерсин Мемедоски, Али Фејзулоски, Алмир Фејзулоски – Стефан Коџабанов), Питу Гули – Башкими 2:0 (Музафер Алиоски 2), Големо Коњари – Ултрас 3:0 (Николај Даноски, Илчо Митрески, Мустафа Селманоски), Слога – Бучин 2:3 (Нермин Каришик, Адмир Угљанин – Дарко Евтимџиоски, Ѓорѓија Мургоски, Христијан Маркоски), Венец – Младост 2:2 (Жарко Донев, Ѓорѓи Димов – Антонио Димоски, Александар Чешелковски), Обршани – Росоман 0:3 (сл.), Дреново слободно.
ТАБЕЛА: Големо Коњари 24, Росоман 16, Башкими 15, Превалец, Младост и Венец 14, Дреново и Питу Гули 12, Ултрас 11, Бучин 9, Влазними јуниор 6, Слога 4.
СЛЕДНО 10. КОЛО (10 ноември во 13 часот): Превалец – Росоман, Младост – Обршани (3:0 сл.), Бучин – Венец, Ултрас – Слога, Башкими – Големо Коњари, Влазними јуниор – Дреново, Питу Гули слободно.