Фудбал

ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ ПРОТИВ ПОБЕДА!

По двонеделната пауза в сабота (13 ч.) продолжува Втората фудбалска лига на Македонија. Во рамките на 13. коло на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е мечот Победа – Скопје. Интересен дуел на екипи со ист број бодови – 13.

Меѓутоа, интересно е и тоа што во гостинскиот тим се тројца поврзани со Прилеп или со Победа. Голманот Александар Игески (32 години) е роден во Прилеп и има настапи за некогашниот прилепски клуб 11 Октомври. Другите двајца се во средниот ред. Константино Горгиовски (18 години) е роден во Нов Зеланд, но неговите предци се од Прилепско, а пред шест месеци беше член на Победа. Димитри Кочоски (20 години) е роден во Прилеп, а до пред една година го носеше дресот на Победа.

ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО (сабота од 13 часот): Победа – Скопје, Македонија ЃП – Вардар Н., Арсими – Борец, Беласица – Брегалница, Охрид – Детонит, Башкими – Кожуф, Новаци – Осогово, Саса – Вардарски.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 29, Брегалница 27, Башкими 26, Арсими 23, Охрид 21, Кожуф, Детонит и Саса 18, Беласица 16, Новаци 14, Скопје и Победа 13, Вардар Н. 11, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.

 

           СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО – ПОРАЧКИ НА СИТЕ ИКОНИ НА 076 502 403

Од категоријата

(ФОТО) ИГРАА ЗА КУП, МИСЛЕА НА ПРВЕНСТВОТО

Зоран Иге

ПРИЛЕП: РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО СИТЕ КАТЕГОРИИ -МЛАДИНСКАТА ШКОЛА Е ДУШАТА НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ЧУДО НА ЧАИР 1:1

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе