Фудбал

(фото, видео) ПРЕПОЛНА САЛА ВО ПРИЛЕП ИАКО НЕМАШЕ МЕЧ!

Колку прилепчаните го сакаат спортот не е доказ само кога се играат спортските натпревари, туку и синоќешниот настан – предавање на темата „Психолошки аспекти на спортската комуникација тренер – спортист – родител“. За ова предавање од страна на проф. д-р Ленче Алексовска – Величковска, продекан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, големата сала од Општина Прилеп се преполни со некогашни, сегашни и најмлади спортисти, родители, тренери, љубители на спортот…

Какви спортисти, тренери и родители имаме, кои се проблемите и како се разрешуваат, ова се прашањата на кои се одговараше при предавањето, во кое беа вклучени и дел од присутните. Предавањето беше мошне интересно затоа што беа наведени и конкретни примери од спортскиот живот во државава. Во прилог на ова објавуваме фотографии и видео со прикажан дел од предавањето.

Впечаток е дека настанот предизвика големо задоволство кај иницијаторот Стевчо Талески, долгогодишен фудбалски тренер, и кај неговите најблиски соработници, Катерина Милеска – фудбалер и тренер, Илија Ристески – фудбалер и спортски функционер, Филип Стомнароски – професор, тренер и фудбалер, а секако и кај предавачот, проф. д-р Ленче Алексовска – Величковска. Во иднина спортската психологија треба да навлегува се повеќе и повеќе во прилепските клубови, така што вакви или слични предавања пак се очекуваат во скора иднина и пред многу публика во Прилеп.

Од категоријата

ОДРЕДЕНИ КАЗНИТЕ ЗА ЦРВЕНИТЕ КАРТОНИ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ЧУДО Е КОЛКУ ГОДИНИ ИМА НАЈВОЗРАСНИОТ ИГРАЧ!

Зоран Иге

ГОСТИН ВО ПРИЛЕП Е ТИМ ШТО ТЕШКО ПРИМА ГОЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе