Денеска е големиот христијански празник Свети Никола, ден за празнување меѓу прилепчаните, така што половина Прилеп чека гости за славата, другата половина оди на гости за ручек. Бидејќи е ручек, има време за љубителите на малиот фудбал веднаш потоа да се упатат кон салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, каде се играат мечевите од осминафилането. Претходно четвртфиналисти станаа екипите Давид Коруноски, АСП Пак и Фасада Чајник, па се очекуваат уште пет тима во оваа фаза. Претходно, според денешната програма, се игра полуфинале кај пионерите.
РАСПОРЕД ЗА ДЕНЕСКА (ЧЕТВРТОК):
ПИОНЕРИ-ПОЛУФИНАЛЕ:
17:30 ТОНИ – ЕВРОГОЛ 2012
СЕНИОРИ – ОСМИНАФИНАЛЕ:
18:20 ХОТЕЛ ИНЕКС ОЛГИЦА – МОГИЛА
19:10 НОВАЦИ – АНДРИНИКО
20:00 ГОСТИЛНИЦА КАЈ ЏЕК – ИЗОФАС
20:50 ФЕНЕРБАХЧЕ – ТОНИ ШПЕД 2018
21:40 ХАЈВ КАФЕ/ТЕА АНДРЕА – ЦРНА РЕКА
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403