Во денешново време тешко се собираат многу спортски екипи на едно место, така што лигите се состојат од 14, 12, 10, 8, 7 и помалку екипи. Затоа радува бројката екипи во Бизнис лигата за мал фудбал на Прилеп. Таму има дури 18 екипи. Ова, веројатно, е рекорд. Учесници се: Мермерен комбинат, Војници, Македонски пошти, Тутунски комбинат, Гентерм, Комфи ангел, СОНК, Спорт лајф, Витаминка, Нови бизниси, Ла пјаца, ВИК, МВР, Микросам, Паркетар Горан Електроелемент, Кабелнет, Тренери Техномото, Адвокати.
Лигата почна на 8 декември и досега се одиграни 4 кола во Спортската сала „Еврогол арена“. Еве ги резултатите од 1. коло: ВИК – КАБЕЛНЕТ 2:0, МВР – НОВИ БИЗНИСИ 5:2, АДВОКАТИ – ТУТУНСКИ КОМБИНАТ 5:0, МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ – КОМФИ АНГЕЛ 4:1, ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТ ПАРКЕТАР ГОРАН – ЛА ПЈАЦА ПОРТА 4:0, ВИТАМИНКА – СПОРТ ЛАЈФ 6:1, ГЕНТЕРМ – АРМ 2:4, СОНК – ТРЕНЕРИ ТЕХНО МОТО 3:1 И МАКЕДОНСКИ ПОШТИ – МИКРОСАМ 6:5.
Второ коло: МВР-КАБЕЛНЕТ 9:2. МЕРМЕРМЕРЕН КОМБИНАТ – ТУТУНСКИ КОМБИНАТ 3-1, ПАРКЕТАР ГОРАН ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ-КОМФИ АНГЕЛ 2:8, ВИТАМИНКА-ЛА ПЈАЦА 5:3, СОНК-ВОЈНИЦИ 2:3, ГЕНТЕРМ-СПОРТ ЛАЈВ 4:1, ПОШТАРИ-ТРЕНЕРИ 3:9, ВИК-МИКРОСАМ 3:3 И АДВОКАТИ-НОВИ БИЗНИСИ 2:3.
Трето коло: ВИК- Тренери Техномото 2:4, МВР- Војници 2:4, Витаминка- Комфи ангел 2:0, Паркертари Електроелемент-Тутунски комбинат 4:1, Мермерен комбинат-Кабелнет 4:1, СОНК- Ла пјаца Порта 8:2, Адвокати-Спорт лајф 6:1, Македонски пошти -Нови Бизниси 5:8, Гентерм – Микросам 2:0.
Од четвртото коло добивме само еден резултат, Мермерен комбинат – Војници 7:3. Според ова, екипата Мермерен комбинат има 4 победи на 4 натпревари.
Следното 5. коло е по празниците.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403