Фудбал

ПРИЛЕП: СНЕГ НА ТЕРЕНОТ – ТРЕНИНЗИТЕ В САЛА!

Временските услови не дозволуваат спорт на отворено, како што е фудбалот. Секаде многу снег, па и на теренот од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Според ова, додека е вакво времето, тренинзите на второлигашот Победа ќе се одвиваат во сала за вежбање, а кога ќе има услови и на тревнатиот терен.

Што се однесува до пријателските натпревари, шефот на Стручниот штаб Стојанче Дунимаглоски најави можни дуели со Воска (Охрид), Шкендија (Арачиново), Пелистер (Битола), Вардар (Неготино), а желбата е и меч со еден тим од странство. Планот мора навреме да се реализира, со оглед на тоа што пролетниот дел од првенството на Втората лига почнува рано, на 15 февруари, кога е мечот Победа – Брегалница.

Во поглед на играчкиот кадар сигурно дека ќе има промени – некои најавиле заминување, други доаѓање, така што се ќе станува појасно во преодниот рок – од 15 јануари до 11 февруари.

 

ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…

СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

 

Од категоријата

(резултати, стрелци) ЛИДЕРИТЕ БЕЗ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ!

Зоран Иге

(фото) ПРИЛЕП: НАЈМАЛИОТ И НОВИОТ ДАДОА ГОЛОВИ!

Зоран Иге

РЕМИ НА ПОБЕДА ВО СКОПЈЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе