Нецела недела од подготовките на фудбалскиот второлигаш Победа, а веќе денеска беше првиот пријателски меч. Во Охрид, на игралитето со вештачка трева, домаќин беше прволигашот Воска, кој победи со 2:0. Мечот е од полза за уигрување на прилепската екипа, за вклопување на новите фудбалери, бидејќи тимот има измени во однос на есенскиот дел.
Шо се однесува до пријателските натпревари, шефот на Стручниот штаб Стојанче Дунимаглоски најави можни дуели натаму со Шкендија (Арачиново), Пелистер (Битола), Вардар (Неготино), а не е склучено да има тест-меч и со странски тим.
Вниманието е свртено и кон трансферите на играчите, бидејќи преодниот рок е од 15 јануари до 11 февруари.
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403