Тоа што има мнозинство од млади играчи во Победа, тоа е голема шанса за нив да се наметнат на фудбалската јавност, па и на селекторите од репрезентациите. Така, при најновиот избор на фудбалери за Младинската репрезентација на Македонија до 19 години, повикан е најмладиот од првата постава на Победа од мечот со штипска Брегалница, 17-годишниот Димитар Шаркоски. Селекторот Ерхан Селими го бара да биде на располагање за тренинг-кампот во Струмица, од 23 до 28 февруари. Во овој случај за поздравување е потегот на селекторот, бидејќи и покрај скромниот второлигашки пласман на Победа, тој со интерес и внимание го следи прилепскиот клуб и неговите играчи.
Што се однесува до Шаркоски, тој игра по левата напаѓачка позиција, во сениорскиот тим почна од минатата сезона, а најмногу се памети неговиот гол со „ножички“ во Скопје, победоносен гол за второлигашки опстанок на Победа, во бараж-дуелот со Куманово.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403