Изгледа поминува времето кога фудбалските екипи беа составени од играчи на возраст меѓу 25 и 30, па и повеќе години. Во последно време се повеќе екипи се одлучуваат за мнозинство многу млади играчи. Така и во саботата, на мечот од 16. рунда од Втората лига, Победа – Брегалница (0:0).
Во врска со домашната екипа Победа, интересно е што во првата постава настапија 7 играчи со статус младинци: Бојан Ивчески, Дарио Спиркоски, Бектеш Исмаил, Димитар Шаркоски, капитенот Леонид Кофиловски, Јусуф Каба и Давор Богевски. Во вториот дел влегоа уште двајца, Андреј Петрески и Кристи Крајоски, така што вкупната бројка е дури 9 младинци коишто беа во тимот на Победа. Најмлади се 17-годишните Димитар Шаркоски и Андреј Петрески.
Во штипска Брегалница имаше помалку младинци: Кевин Заов и Благој Хаџи-Кимов во првата постава, а меѓу тие што во вториот дел влегоа со тој статус е Лука Георгиев. Меѓутоа, за овој тим интересно е што се одлучи голман да биде 16-годишниот Кевин Заов. Беше најмладиот меѓу сите 30 што настапија на теренот.
Во саботата публиката со аплауз го награди домашниот, помлад состав, со оглед на тоа што беше аутсајдер и се избори за реми со фаворитот и кандидат за влез во прволигашкиот ранг.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403