Фудбалскиот второлигаш Победа добро го почна пролетниот дел од првенството, со реми (0:0) дома против кандидатот за влез во прволигашкиот ранг, штипска Брегалница, а во прилепскиот клуб на овој меч беше забележливо присуството на Илчо Макалоски, познат фудбалски работник во минатото, вклучен и во ФК Прилеп и во ФК 11 Октомври. Тој беше во редарската служба на натпреварот во саботата, а тоа не би било воопшто интересно ако не се знае дека во Прилеп е само на одмор, бидејќи веќе три години е на работа близу Шибеник, Хрватска, во малото место Водице. Едноставно – Илчо не може без фудбал.
– Кога сум таму, често го гледам тимот на Шибеник. А кога се враќам овде, веднаш се вклучувам во Победа, за колку што можам да помогнам на разни начини, при тренинзи и натпревари, во редарската служба, како комет-администратор… – вели Макалоски.
На првиот пролетен меч донесе среќа, а следниот е веќе утре (сабота) со Борец во Велес.
– Планот ми е да патувам и во Велес. Се надевам на поволен резултат и овојпат – оптимист е Илчо.
На располагање е уште дваесетина дена, а потоа се враќа во Хрватска.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403