Фудбал

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ИГРА ПРОТИВ ТРЕНЕРОТ СО КОГО ПОСТИГНА ИСТОРИСКИ УСПЕХ!

Попладнево од 17, 30 часот, на теренот од Стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, прилепска Победа е гостин на Охрид. Интересно е тоа што тренер на Охрид е Никола Илиевски – Џиџи, човек кој двапати беше тренер на Победа, во сезоните 2000/2001 и 2003/2004. Првиот пат беше сензацијата низ елиминирањето на романската Универзитатеа за потоа да бидат дуелите со италијанскиот гигант Парма, а вториот пат освојувањето на првата шампионска титула за која половина заслуга има Драган Канатларовски – Цапар кој ја водеше екипата во есенскиот дел. Никола Илиевски беше и селектор на Македонија од кога најмногу се памети ремито 2:2 со Англија во Саутемптон 2002 година, што е сличност со сегашниот тренер на Победа Јане Николоски кој како голман на Македонија има извлечено сензационално реми 0:0 со Англија во Манчестер 2006 година.

За Охрид е петтиот контролен меч – по дуелите со Воска, Гостивар, Фљамуртари (Албанија) и Работнички, а за Победа е четвртиот – по мечевите со Вардар Неготино, Кожуф и Башкими.

Од категоријата

(состави, стрелци) ЧЕТИРИ-ТРИ НА ПЕНАЛИ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

(ФОТО) ЕДЕН-ВРЕДЕН ГОЛ ЗА РАДОСТ НА 3000 ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(фото) ЧУДО: ДО 5. МИНУТА СЕ ЗНАЕШЕ ПОБЕДНИКОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе