Почнува Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре“, во чест и спомен на големиот пингпонгар, тренер и спортски работник. Викендов, денеска (сабота) и утре (недела) претстои четвртото издание, во салата од ОУ „Добре Јованоски”. Борбите се за кадети, младинци, сениори и ветерани, во женска и во машка конкуренција.
Со оглед на интересот и учеството во претходните изданија, и сега не е изненадување доаѓањето на пингпонгари од балканските држави: Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија, покрај домашните од и Македонија. Тоа значи – над 100 учесници. Привлечни се и наградите: 120, 80, 50 и 25 евра од прво до осмо место кај сениорите, 60, 40 и 25 евра од прво до трето место кај сениорките, а за најуспешните кадети, младинци и ветерани обезбедени се пехари и медали.
Организатор е клубот Младост 96.