В сабота (14 часот) е третото пролетно (18. коло) од Втората фудбалска лига на Македонија, во чија рамка и мечот Победа – Македонија ЃП. Дерби со долга традиција, меч за многу публика на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Низ градот се среќаваат такви фудбалски симпатизери коишто одамна не биле на трибината, а за в сабота најавуваат сигурно доаѓање. Привлекува одличната низа резултати на Победа со непримен гол долги 284 минути (последните 14 минути од Кожуф – Победа, па Победа – Детонит 0:0, Победа – Брегалница 0:0 и Борец – Победа 0:1).
По последниот триумф од 1:0 врз Борец во Велес, следува за Победа дуел в сабота со лидерот на второлигашката табела, Македонија ЃП од Скопје. Гостинот се смета за фаворит, но во Прилеп кога има многу публика можно е уште едно изненадување. Македонија ЃП сака да се зацврсти на првото место, а Победа да напредува нагоре на табелата.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 41, Брегалница 37, Башкими 36, Арсими 33, Саса 28, Скопје, Детонит и Кожуф 26, Охрид 25, Беласица 22, Новаци 19, Победа 18, Вардар Н. 17, Осогово 9, Борец 6, Вардарски 5.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403