Викендов е првото пролетно коло (вкупно 12. коло) од Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Екипите на прилепска Победа за ривали ги имаат врсниците од скопскиот клуб Работнички.
Според распоредот, в сабота се игра во Скопје, прво за помлади пионери (10 часот), потоа за постари пионери (12 часот). В недела се игра во Прилеп, на теренот со вештачка трева, прво мечот за кадетите (10 часот), потоа за младинците (12 часот).
Помладите пионери на Победа се на 7., постарите пионери на 12., кадетите на 9., а младинците на 12. место од табелите, така што претстои борба за поправање на пласманите од есенскиот дел.