Денеска од 14 часот е третото пролетно (18. коло) од Втората фудбалска лига на Македонија, во чија рамка и мечот Победа – Македонија ЃП. Дерби со долга традиција, меч за многу публика на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Привлечен дуел затоа што Македонија ЃП е лидер на табелата, со најсилен напад досега (32 постигнати гола) и со најдобра одбрана (само 6 примени гола), а Победа иако е на 12. место е во силен залет – нема примено гол на последните три меча (284 минути). Значи, бројките од есеноска не мора да важат и за пролетва, а тоа се виде во претходното коло, кога Ппобеда со 1:0 го совлада Борец во Велес, а Македонија ЃП покажа дека е ранлива – во Скопје со 0:1 загуби од кумановското Башкими.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА ОД 14 ЧАСОТ: Победа – Македонија ЃП, Вардар Н. – Скопје, Осогово – Кожуф, Вардарски – Детонит, Саса – Брегалница, Новаци – Борец, Башкими – Арсими, Охрид – Беласица.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 41, Брегалница 37, Башкими 36, Арсими 33, Саса 28, Скопје, Детонит и Кожуф 26, Охрид 25, Беласица 22, Новаци 19, Победа 18, Вардар Н. 17, Осогово 9, Борец 6, Вардарски 5.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403